Лозови листови - антирецепт
И ова антирецепт, само предлог како да сочувате лозови листови за во зима, а да е наједноставно целото тоа, па вака:
- Одберете млади поголеми лозови листови
- пластични шишиња
Листовите не ги миете, туку едноставно наредете по неколку еден врз друг, зависи колкав е отворот на шишето, внимавајте притоа дека опачината на листот треба да е одозгора. Замотајте како сарма - ролничка, пропуштете во шишето. Кога ке пропуштете неколку, со рачката од бркалката налегнете ги, продолжете да мотате и полните. Треба да се добро налегнат и до врв да го наполните шишето. Затворете со тапата - оставете во подрумот кај останатата зимница.
Како ке ги користите потоа?
Едноставно, исечете го шишето, извадете листовите, измијте ги дури тогаш - проварете ги во посолена и малку закиселена вода, тогаш веќе спремни да си ја спремите омилената сарма од лозов лист.
Додека стојат така стиснати во шишето и добро затворени, тие само сосема малку ќе ја променат бојата, останатото си е во ред. Не се расипуваат и долго време можат да стојат.
Тоа е драги мои, ако сакате во оваа авантура да се впуштите, побрзајте.. млади листови веке ќе нема...
Лиценца: Сите права се задржани