Лозови сармички
Веројатно многу од домаќинките ги приготвуваат, ама во секоја куќа си има по некоја тајна состојка за ова јадење, воедно се надевам дека ќе ве поттикнам да си припремите за скоро.
Меленото се пропржува во Делимано тавата за пржење, со масло и сечкан кромид, се додава измиен оризот, се додава сечкан лук, црвена пипер, црн пипер, малку мешан сув зачин,се трга настрана.
Се става од филот врз секој лист од лоза, се превиткува странично од 2 -те страни, па надолжно се рола, со крајниот дел врз дното од садот се ставаат каде ќе се приготвуваат. Се редат еднадо друга.
Во врелата вода ја ставаме коцката за супа, да се стопи, се полеваат сармите, се ставаат на оган на тивко и се тура виното и уште малку сечкано лукче. Се варат со покриен капак околу 1 саат, после се вади капакот, па се ставаат во рерна околу пола саат уште
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови