Испечати

Целер чорба, со листови и корен од целер

Целер чорба, со листови и корен од целер

Состојки

  • 1-1.3 л вода
  • 1 компир
  • 1 морков
  • 1/2 главица целер
  • 5 гранчиња целер
  • Сол, бибер 1/2 лажиче зачин, бидејќи користиме коренест зеленчук
  • 2.3 лажици школки тестенини, мали или фиде
  • за зачинување
  • 1 јајце
  • 1лажица сок од лимон
  • 5лажици јогурт

Подготовка

Убаво е кога празничниот ручек ќе започне со вкусна, домашна чорба.

Еве го мојот денешен предлог.

1. Во тенџере ставаме масло.

2. Во нутрибулет сецкаме морков, компир, корен и листови од целер. Запржуваме 2-3 минути. Налеваме вода и додаваме сол, бибер, зачин. Нека вари така 5,6 минути, па ги додаваме школкичките. Нека вари уште, 7,8 минути.
3. На страна ги соединуваме состојките за зачинување. Во овој сад, во танок млаз, ставаме 1-2 кутлачи од супата. А потоа внимателно ги соединуваме течностите. Сервираме жешка чорба од зеленчук.