Трилече торта
1. Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, додавајте ги жолчките една по една и продолжете со матењето да се соедини смесата.
2. Додадете го брашното заедно со пецивото и измешајте со голема лажица или со жица.
3. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех (35х20х6).
4. Ставете го да се пече во загрена рерна на 200 степени првите 10 минути, потоа намалете ја температурата на 180 и печете го уште 20 минути.
5. Оставете го да олади (но не премногу, треба да биде млак). Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко.
6. Млакиот пандишпан превртете го на крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него ставете го пандишпанот така превртен и над него до турете го останатото млеко.
7. Оставете го да впие од млекото окулу 2 часа. Потоа исечете го на коцки, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.
8. Пред сервирање секоја коцка мачкајте ја со готов карамел.
Лиценца: Сите права се задржани
Tamam e visova, najubavo izgledaat visokite kolaci :)))
Од парчињата се цедеше млеко. Еве слика, не е убава како на Невена, но сепак да го покажам и моето дело.
Ама за вкус е немам збор, превкусна... поздрав
I mene vo poveke gore dolu slicni varijanti isto vaka mi ispagase....
Ти посакува Љубица
fala ti za slicevo, pozzz
Falati Lile:))
Еве сличе за доказ ;)