Испечати

Трилече торта

Трилече торта

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 300 гр брашно
  • 1 пециво
  • Прелив од млеко
  • 1 л млеко (3.5% масленост)
  • 750 мл слатка павлака (нематена хопла)
  • 250 мл млеко за кафе (10% масленост)
  • За премачкување
  • по желба/потреба готов карамел крем

Подготовка

1. Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, додавајте ги жолчките една по една и продолжете со матењето да се соедини смесата.
2. Додадете го брашното заедно со пецивото и измешајте со голема лажица или со жица.
3. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех (35х20х6).
4. Ставете го да се пече во загрена рерна на 200 степени првите 10 минути, потоа намалете ја температурата на 180 и печете го уште 20 минути.
5. Оставете го да олади (но не премногу, треба да биде млак). Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко.
6. Млакиот пандишпан превртете го на крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него ставете го пандишпанот така превртен и над него до турете го останатото млеко.
7. Оставете го да впие од млекото окулу 2 часа. Потоа исечете го на коцки, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.
8. Пред сервирање секоја коцка мачкајте ја со готов карамел.