17
мар
2013
Торта со чоколада и рум
Одделете ги жолчките и белките.
Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да станат светли и кремасти. Додајте го маслото и слатката павлака и изматете да се изедначи смесата.
Со чисти мешалки изматете ги белките со прстофат сол и додајте ги во смесата. Измешајте со лажица.
Брашното, нишестето, пецивото и чоколадата заедно измешајте ги и ставете ги во смесата, додајте го румот и повторно измешајте со лажица.
Смесата истурете ја во подмачкан со путер и напрашнет калап(26) и печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин. или проверете со чепкалка.
По желба наросете ја со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
koj e za kafe neka se pridruzi :)))