Торта со бадем и чоколада
Полека но сигурно,дојдовме до мојот 300 ти рецепт.
Тортата со која ќе ве послужам ја подготвив за два јубилеја.
Едниот е за 14 години од мојата свадба, а другиот е по повод 300 рецепти.
Сега да ве почестам со нејзиниот состав....
Ги кршиме јајцата и ги делиме белките од жолчките.
Беллките ги матиме со 24 лажици шеќер се додека не добиеме цврст снег.
Додаваме 21 лажица мелени бадеми и 3 лажици брашно.
Промешуваме со исклучен миксер.
Оваа смеса ја префрламе во три еднакви тави за печење кои претходно ги обложивме со хартија.
Печеме во претходно загреана рерна на 200 степени. Кога се готови пандишпаните го подготвуваме филот.
Во 500мл млеко ставаме 10 лажици шеќер.
Го ставаме садот на огин да се растопи шеќерот.
Жолчките ги мешаме со 300мл млеко и додаваме 8 лажици брашно.
Откако убаво го измешавме со жица за матење ги додаваме во садот со млекото кое вриеше.
Мешаме кремот да ја добие потребната густина.
Откако кремот е готов го тргаме на страна да се лади.
Путерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер и ги додаваме во изладениот крем.
Ги соединуваме мешајќи со миксер.
Можете да стопите и една чоколада на пареа и да ја додадете во филот.
Јас не го сторив тоа затоа што сметав дека е доволно благо.
Јас додадов 100гр сецкани бадеми.
Слатката павлака ја матиме.
И шлаг кремот го матиме според упатството.
Ја филуваме тортата.
Редиме ред пандишпан, ред фил.
На првиот фил му искршив едно млечно чоколадо, а на второто филување му ставив сецкани бадеми.
После третиот пандишпан ја покрив целата торта со шлагот.
Шприцот го полнам со шлаг кремот и почнувам да ја украсувам тортата од средината па надоле.
Првите редови нека се од шлаг кремот, а потоа надоле декорирам со матената слатка павлака.
На почетокот помешав слатка павлака со чоколаден шлаг крем да испаднат мешани декораиците со шприцот.
Во средишниот ден попрскав шарени декоративни чоколадни парченца, а во центарот на тората постави орео колачи.
Тортата е превкусна, но според мене, најубава е ако преноќи и одстои да се сврзат состојките.
Еве ова е рецептот со кој ќе ја заокружам мојата соработка со вас изминативе 2 години. Се надевам на уште многу дружења и многу новини кои ќе ги научам овде.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Здравје најпрвин да имаш долго, да доживееш уште многу годишници и да видиме уште многу, многу убави твои рецепти :)
Ubava torta
cekame uste mnogu ubavi recepti i druzbata da prodolzi.Sekoe dobro
најпрво ти посакуваме многу и среќни годишнини!
Ти благодариме за целиот твој труд на оваа страница и сите одлични рецепти. Честитки за твојата 300-ка!!!
Ти подаруваме Делимано Делициа Трио сет.
Тимот на МоиРецепти
Јас морам од срце д ви се заблагодарам,што ме удостоивте со оваа прекрасна награда.
Ви благодарам за поддршката која ми ја дадовте овие две изминати години дружејќи се со вас.
Уште едно големо благодарам за тоа што ми помогнавте да научам како да дојдам до прекрасна фотографија.
Вашите прекори и совети ми помогнаа да се усовршувам се повеќе и повеќе.
Големо благодарам и за сите пријателки членки ,и се надевам дека дружбата ќе ја продолжиме.
Има уште рецепти кои чекаат на нас.
Само така да продолжиш, полека ама сигурно, со прекрасни рецепти како и до сега! Честитки и за наградата и годишнината, која не успеав да ти ја честитам на ФБ!
А тортичево по мој вкус, ептен ме бендиса!
Поздрав!