Комбинирана торта со три вида чоколада и слатка павлака
Подготовка
Пандишпан 1
Изматете ги белките во цврст снег, постепено додадете го шеќерот и продолжете со матење додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете ги и останатите состојки, промешајте прво со лажица, а потоа кратко со миксер.
Смесата ставете ја во нелеплива тава или тава обложена со хартија за печење и печите на 200 степени околу 10-12 минути. Проверете со чепкалка дали е испечен пандишпанот
Пандишпан 2
Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте. Додадете ги течните и пак промешајте убаво со лажица да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во нелеплива тава или тава обложена со хартија за печење и печете на 200 степени околу 10-12 минути. Проверете со чепкалка дали е испечен пандишпанот
Фил 1
Изматете ја слатката павлака
Во сад на тивок оган растопете го чоколадото со путерот и кога ќе излади додадете го кај слатката павлака. Овде додадете ги и оревите и промешајте.
(Филот ставете го во ладилник да стегни додека ги подготвувате останатите 2 фила)
Фил 2
Во сад на тивок оган ставете ги млекото, путерот и шеќерот да зовријат. Потоа тргнете го садот од оган, ставете го чоколадото да се растопи. Додадете го какаото и вратете го садот на оган и енергично мешајте. Кога смесата ќе биде прилично густа, тргнете го садот од оган и додадете ги мелените пишкоти и промешајте.
Фил 3
Во сад на тивок оган ставете ги водата, шеќерот и путерот да зовријат. Додадете ги чоколадата и какаото и мешајте додека да добиете густа и еднолична смеса. Овде додадете мелени ореви и промешајте.
Следен чекор е филување на тортата
Ставете го прво посниот пандишпан, одозгора распоредете го фил 1, врз него фил 2, врз филот 2 ставете го и филот 3. Одозгора ставете го вториот пандишпан и премачкајте со тенок слој мармалад.
Премачкајте ја тортата со слатка павлака и декорирајте со чоколаден прелив
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани