Испечати

Комбинирана торта со три вида чоколада и слатка павлака

Комбинирана торта со три вида чоколада и слатка павлака

Состојки

  • Пандишпан 1
  • 5 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица мелени бадеми
  • 1 лажица сецкани ореви
  • 1 лажица мелени лешници
  • 4 лажици брашно
  • 1 пециво
  • Пандишпан 2
  • 1 чаша (од 200мл) брашно
  • 8 лажици шеќер
  • 2 лажици мелени ореви
  • 1 лажица мармалад
  • 1 кафена лажица сода
  • 1 чаша (од 200мл) газирана вода
  • Фил 1
  • 150 мл слатка павлака
  • 50 гр бело чоколадо
  • 1 кафена лажица путер
  • 2 лажици сецкани ореви
  • Фил 2
  • 100 мл млеко
  • 2 лажици путер
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 3 лажици какао
  • 5 лажици мелени пишкоти
  • Фил 3
  • 100 мл вода
  • 2 лажици путер
  • 120 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 5 лажици какао
  • 1 лажица мелени ореви
  • Дополнително ќе ви треба и
  • 1 лажица мармалад
  • 100 мл слатка павлака
  • чоколаден прелив за декорација

Подготовка

Подготовка
Пандишпан 1
Изматете ги белките во цврст снег, постепено додадете го шеќерот и продолжете со матење додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете ги и останатите состојки, промешајте прво со лажица, а потоа кратко со миксер.

Смесата ставете ја во нелеплива тава или тава обложена со хартија за печење и печите на 200 степени околу 10-12 минути. Проверете со чепкалка дали е испечен пандишпанот

Пандишпан 2

Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте. Додадете ги течните и пак промешајте убаво со лажица да добиете еднолична смеса.

Смесата ставете ја во нелеплива тава или тава обложена со хартија за печење и печете на 200 степени околу 10-12 минути. Проверете со чепкалка дали е испечен пандишпанот

Фил 1
Изматете ја слатката павлака

Во сад на тивок оган растопете го чоколадото со путерот и кога ќе излади додадете го кај слатката павлака. Овде додадете ги и оревите и промешајте.
(Филот ставете го во ладилник да стегни додека ги подготвувате останатите 2 фила)

Фил 2
Во сад на тивок оган ставете ги млекото, путерот и шеќерот да зовријат. Потоа тргнете го садот од оган, ставете го чоколадото да се растопи. Додадете го какаото и вратете го садот на оган и енергично мешајте. Кога смесата ќе биде прилично густа, тргнете го садот од оган и додадете ги мелените пишкоти и промешајте.

Фил 3
Во сад на тивок оган ставете ги водата, шеќерот и путерот да зовријат. Додадете ги чоколадата и какаото и мешајте додека да добиете густа и еднолична смеса. Овде додадете мелени ореви и промешајте.

Следен чекор е филување на тортата
Ставете го прво посниот пандишпан, одозгора распоредете го фил 1, врз него фил 2, врз филот 2 ставете го и филот 3. Одозгора ставете го вториот пандишпан и премачкајте со тенок слој мармалад.

Премачкајте ја тортата со слатка павлака и декорирајте со чоколаден прелив

На здравје