1. Изматете ги белките во цврст шам со постепено додавање на шеќерот, а потоа една по една додавајте ги жолчките и продолжете со матење. Додадете ги ренданото чоколадо, брашното и пудингот и со мешалка полека промешајте.

2. Смесата нанесете ја во тркалезен калап со број 26 и печете на 200 степени околу 25 минути. Печениот пандишпан оставете го да излади, па потоа пресечете го на половина.

3. Фил 1
Во длабок сад матете ги маргаринот и шеќерот во прав додека се соединат. Постепено додавајте ја несолената урда и матете повторно смесата да се соедини. Потоа се додава ренданото чоколадо и сецканите јагоди и се меша со лажица.

4. Фил 2
Млекото (200мл), шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги да зовријат. посебно соединете ги жолчките, 100 мл млеко и пудингот и додадете ги во зовриеното млеко и мешајте додека се згусни. Додека е жежок пудингот додадете го белото чоколадо искршено на парчиња и мешајте додека да се стопи. Во друг сад изматете го маргаринот и додадете го изладениот пудинг и матете смесата да се изедначи.

5. На послужавник ставете го првиот пандишпан, премачкајте го првиот фил и наредете ги 150 гр јагоди сечени на листови. Потоа премачкајте 2/3 од вториот фил и ставете го вториот пандишпан. Со преостанатата 1/3 од вториот фил премачкајте ја целата торта и оставете ја во фрижидер малку да се стегне.

6. Во меѓувреме изматете го шлагот со млекото, премачкајте ја тортата и декорирајте со јагоди и рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови