1 и 3 кора
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додаваат останатите состојки. Се промешува со лажица и се пече кора на хартија во плех бр 40.
2 и 4 кора
Се матат белките во цврст снег. Се додава и шеќерот и се продолжува со матењето. Се додава кокосот, брашното и пецивото, лесно се промешува и се пече кора на хартија на пониска т (околу 160) 40 минути.

Фил
Во 1л зовриено млеко заедно со шеќерот се вари крем од пудинзите.500мл млеко се зоврива и се попаруваат печените мелени ореви. Се оставаат да се изладат. Маграринот се мати со шеќерот во прав и се соединува со оладениот пудинг. На крај се додаваат парените ореви и целиот фил се изедначува. Се филуваат корите и се декорира по желба. Кај нас тоа беше локум, а тортата наменета за мојата душичка која наполни 2 години.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани