22
сеп
2015
Торта со портокали и чоколада
1. Портокалите ситно ги сечкаме на парчиња. Во сад за матење со миксер
ги матиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
Ги додаваме брашното, прашокот за печиво, портокалите и мелените
бадеми и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
2. Калапот куглоф го намрсуваме со масло и го облепуваме со лебни
трошки. Ја нанесуваме смесата во калапот. Го ставаме во рерна загреана
на 180 степени. Печеме 40-45 минути и го вадиме од рерна. Изладената
торта ја превртуваме на чинија.
3. Чоколадата искршена на парчиња ја топиме во тенџере на оган и ја
премачкуваме тортата.
4. Декорираме со полукругови и ленти портокал.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еве простор за твоите прекрасни рецепти. Се надевам на долга дружба.Рецептот е одличен.