31
дек
2020
Торта со фил од портокали (посно)
Од состојките за тесто, со жица се меша убава смеса и се истура во намрсен и набрашнет плех бр 40. Се пече на 180 степени 40 до 50 минути. (посните теста сакаат подолго време на пониска температура за убаво да извријаат внатре.)
За филот, маргаринот убаво се бие со 12 јажици шеќер во прав, му се додаваат мелените бисквити потурени со сокот од трите портокали и мелените ореви. Сето убаво се меша и се става горе над изладената торта. Тортата да е сосема изладена за да не ни се растопи филот. Се украсува со рендано чоколадо (посно)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови