Испечати

Торта со фил од портокали (посно)

Торта со фил од портокали (посно)

Состојки

  • 1 чаша (300 мл) масло
  • 1/2 чаша вода
  • 2 чаши шеќер
  • 3 чаши рендани јаболка (три поголеми јаболка)
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша презла
  • 1 чаша сечкани ореви
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче цимет
  • 3 кори од портокали (рендани)
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр мелени бисквити
  • сок од трите портокали
  • 150 гр мелени ореви
  • малку рендано чоколадо
  • 12 лажици шеќер во прав

Подготовка

Од состојките за тесто, со жица се меша убава смеса и се истура во намрсен и набрашнет плех бр 40. Се пече на 180 степени 40 до 50 минути. (посните теста сакаат подолго време на пониска температура за убаво да извријаат внатре.)

За филот, маргаринот убаво се бие со 12 јажици шеќер во прав, му се додаваат мелените бисквити потурени со сокот од трите портокали и мелените ореви. Сето убаво се меша и се става горе над изладената торта. Тортата да е сосема изладена за да не ни се растопи филот. Се украсува со рендано чоколадо (посно)