Торта со нане и банани
Јајцата се матат со шеќерот додека запенат. Полека во смесата се додава врелиот чај и се мати постојано. Одкако смесата ќе го впие чајот се додаваат кокосот, оревите, гризот, брашното, пецивото и чоколадата. Се убаво се меша и се сипе во тавче бр 26-28 и се пече 20 минути на 170 степени.
Одкако ќе се олади тортата се сече на два дела со помош на конец или нож со подолго сечило.
фил 1
Млекото се става да се загрее.Пудингот и гризот се раствараат во дел од млекото и во зовриеното млеко се вари густ крем.Одкако ќе се олади се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав и се добива вкусен жолт крем.
2 фил
Хоплата се мати заедно со киселата павлака и шеќерот и се добива мазен слатко-киселкаст крем
На чинија за торта се става еден дел од тортата и се попрскува со засладениот чај.Засладениот чај треба да е погуст-поблаг 150мл чај 5-6 лажици шеќер.Ако немате чај од нане или мента може да послужи и екстракт.
Одкако ќе се попрска кората со чајот се премачкува со половина од жолтиот фил. Над филот се редат бананите исечени на тркалца и над нив се ренда 100гр чоколада. Над чоколадата се става половина о дфилот со павлака.
Се става и втората кора, па од чајот, па другата половина од жолтиот фил. Над жотиот фил се декорира со преостанатиот фил од слатка павлака и павлака.Најгоре се ренда чоколада.
Тортата има многу пријатен освежителен вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
a za tortata nikogas ne sum pravela so zasladen caj od nane
ubava idea
Prekrasna torta si ni podgotvila.
Neka ti se mnozat uste mnogu, mnogu recepti.
Do sega site od ubavi poubavi.
Znam deka mozes i ocekuvam mnogu da naucam od tebe. Pozdrav
И со твојот 300-ти рецепт покажа дека и од секојдневни состојки може да се направи раскошен резултат.
Ти честитаме, како наш верен член, готвач, но и пријател.
Како благодарност ти подаруваме Делимано Експрес лонец.
Воедно овој рецепт е Рецепт на денот за 2. Мај 2014!
Тимот на МоиРецепти
Честитки и за РД и за наградата :)
дани, тортава ми мириса, ептен супер! :)
Tortata ni bese super vkusna i ednostavna.Ne prebaruvam po tugite kujni ednostavno rec sam po sebe se nametna.Fala ti mnogu mnogu baknezi do maleckite:)