Торта со нане и банани
Состојки
- 3 јајца
- 9 лажици шеќер
- 9 лажици чај од мента или нане
- 50гр кокос +50 гр крупно мелени оревчиња
- 50гр чоколада рендана
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- 2 лажици гриз
- фил 1
- 600мл млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 150гр маргарин
- 250гр шеќер во прав
- фил 2
- 200мл слатка павлака или шлаг крем
- 180мл кисела павлака
- 150гр шеќер во прав
- 4-5 банани
- 150мл засладен чај од нане или мента
- 100гр чоколада
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот додека запенат. Полека во смесата се додава врелиот чај и се мати постојано. Одкако смесата ќе го впие чајот се додаваат кокосот, оревите, гризот, брашното, пецивото и чоколадата. Се убаво се меша и се сипе во тавче бр 26-28 и се пече 20 минути на 170 степени.
Одкако ќе се олади тортата се сече на два дела со помош на конец или нож со подолго сечило.
фил 1
Млекото се става да се загрее.Пудингот и гризот се раствараат во дел од млекото и во зовриеното млеко се вари густ крем.Одкако ќе се олади се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав и се добива вкусен жолт крем.
2 фил
Хоплата се мати заедно со киселата павлака и шеќерот и се добива мазен слатко-киселкаст крем
На чинија за торта се става еден дел од тортата и се попрскува со засладениот чај.Засладениот чај треба да е погуст-поблаг 150мл чај 5-6 лажици шеќер.Ако немате чај од нане или мента може да послужи и екстракт.
Одкако ќе се попрска кората со чајот се премачкува со половина од жолтиот фил. Над филот се редат бананите исечени на тркалца и над нив се ренда 100гр чоколада. Над чоколадата се става половина о дфилот со павлака.
Се става и втората кора, па од чајот, па другата половина од жолтиот фил. Над жотиот фил се декорира со преостанатиот фил од слатка павлака и павлака.Најгоре се ренда чоколада.
Тортата има многу пријатен освежителен вкус.