Торта од чоколадо и кикирики путер
Загрејте ја рерната на 175 Ц
На дното на два округли калапи со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад просејте го брашното со прашокот за пециво, содата, солта и какаото.
Во еден голем сад добро изматете ги со миксер маслото, двете врсти шеќер и јајцата. Додајте го млекото и повторно добро измешајте со миксерот.
Додајте ги сувите состојки, добро измешајте, па додајте го врелото кафе. Измешајте се заедно и ќе добиете една прилично ретка смеса.
Распоредете ја во двата калапи, па печете ги во загреана рерна околу 50 мин. Проверете со чепкалка, на неа треба да се задржат неколку влажни ронки од тестото, а површината да биде сјајна и еластична на допир. Внимавајте да не препечете.
Калапите ставете ги на решетка, покријте ги со фолија и кујнска крпа. После десетина минути, превртете ги на жица и повторно покриени оставете ги корите да се оладат до крај.
За пената од чоколадо одвоете ги белките од жолчките. Жолчките разматете ги во еден мал сад, а белките ставете ги во сад за матење.
На тивок оган во едно мало тенџерче растопете го мешајки чоколадото со путерот. Додајте ги разматените жолчки и добро измешајте. Оставете да се олади до собна температура.
Белките изматете ги во цврст сјаен снег со 2 -3 лажици шеќер, па внимателно вмешајте ги во чоколадото.
Слатката павлака изматете ја цврсто и исто така внимателно вмешајте ја во чоколадото. Ќе добиете една лесна воздушеста чоколадна пена.
Секоја од двете кори пресечете ја хоризонтално на половина. Филовајте ги корите со чоколадната пена. Одозгора и од страните не ставајте фил. Оставете во фрижидер.
За филот од кикирики путер во еден средно голем сад со жица измешајте ги путерот, кикирики путерот и двете врсти шеќер додека не стани сосем воедначено и по малку пенесто. Постепено додавајте од слатката павлака, мешајки цело време, додека не ја добиете саканата конзистенција на фил. Јас ја ставам целата наведена количина, поубаво ми е кога филот е покремаст.
Цела торта одозгора и од страните премачкајте ја со овој фил. Корите се многу, многу ровки. Затоа најдобро е прво да премачкате еден многу тенок слој фил од сите страни, да оставите во фрижидер да се стегни тој слој, па потоа да го нанесете преостанатиот фил. Така нема ронки од тестото да ви се мешаат со филот.
За украсување измешајте 1 лажичка какао со 1 - 2 лажици масло, па попрскајте по површината на тортата да личи како флеки на јајце од препелица. Наросете лушпи од чоколадо.
Ако сакате украсете на поинаков начин.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но послужувајте ја на собна температура.
Наведените состојки за тесто јас ги печев во три калапи со пречник 16 цм и секоја кора е пресечена на пола, па се направени две торти со по три реда тесто, филовани со наведените количини на чоколадна пена и фил од кикирики путер. На сликата е една од тие торти.
Пресек немам, ќе ми позајмат МР...
Лиценца: Сите права се задржани
абе ајдееее, таман собрав се за божиќниот, препорчитав 1.000 пати што да правам, ова ми го плескаш во фаца :) :) :) :)
ќе направам група на ФБ со име ДА СЕ СОБЕРЕМЕ КОЛКУ ТОЛКУ И ДА Ѝ СЕ ЗАБРАНИ НА ЛИЛИ ДА СТАВА РЕЦЕПТИ КОИ НАБИВААТ КОМПЛЕКСИ :) :) :) :)
:**
Сликата веднаш ја препознав.. :))
Преубава! Особено примамува со височината и убавата боја. :)
Moja fotografija e samo prvata dopolnitelna, ostanatite gi fotografirase timot na Moi Recepti. :)
А фотографијата ми беше чудно дека не ми личи на тебе. Поздрав за тимот на МР, ама твоите се подобри ;)
Да си здрава и жива и рацете да ти се позлатат!
П.С. Ќе признаеме дека при овој избор тимот на МоиРецепти беше корумпиран, ја пробавме тортата :)
Koj ima zelba, dobredojden e na gosti, ke napravam pak, a koj saka, moze i po doma da si napravi :)))
Честитки одовде, до Битола, па назад до небото и пак до тебе, а капчето ми е веќе симнато уште на првото зборче од овој коментар.
И нормално со нетрпение го очекуваме и видео изданието :)
(од убајни)
Инаку јас и ја препорачав МР и она си ја одбрала најубавата торта :)
Кажа дека лесно ја направила,а ние сите бевме задоволни од крајниот исход.
Прекрасно Лили,а јас сум пресреќна што барем успеав да ја пробам!
Lili koga ova go vidov na fb mi svetna ocickite morav da se uklucam.
Prekrasno poezija za oci.
Еве ја мојата денешна, роденденска :)
(П.С. Утнав нешто во филот од кикирики, ама не се осети од дегустаторите :)))
E kade utna?
Testoto i cokoladnata pena izgledaat odlicno, sto se sluci vo meguvreme? Ako degustatorite ne se bunele, sepak dobro proslo :)))
Fala ti mnogu za doverbata :)
SREKEN RODENDEN! Se ubavo sto si posakuvas da ti se ispolni! :)
:*
Лили, срамота е да кажам, ама ставив грешна слатка павлака :))) - Ама ми улетаа гости со деца, и настана хаос, а јас брзав да довршам :)))
На вкус беше многу слична до оригиналот - што за мене беше навистина голема награда!
:** и за двете.