Испечати

Торта од чоколадо и кикирики путер

Торта од чоколадо и кикирики путер

Состојки

  • За кори
  • 2 шољи (250 гр) сенаменско брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 3/4 шоља (65 гр) какао
  • 2 шољи (400 гр) шеќер
  • 2 јајца
  • 1/2 шоља (120 мл) масло
  • 1 шоља (235 мл) млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 шоља (235 мл) врело инстант или филтер кафе
  • За чоколадна пена
  • 230 гр чоколадо за готвење
  • 60 гр путер
  • 3 јајца
  • 3/4 шоља (180 мл) слатка павлака со најмалку 30 % м.м.
  • За фил од кикирики путер
  • 300 гр кикирики путер на собна температура
  • 15 гр (1 лажица) путер на собна температура
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 - 150 мл слатка павлака, може и со 20 % м.м.
  • За украсување
  • 1 лажичка какао
  • 1 - 2 лажици масло
  • малку чоколадни лушпи

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц
На дното на два округли калапи со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад просејте го брашното со прашокот за пециво, содата, солта и какаото.
Во еден голем сад добро изматете ги со миксер маслото, двете врсти шеќер и јајцата. Додајте го млекото и повторно добро измешајте со миксерот.
Додајте ги сувите состојки, добро измешајте, па додајте го врелото кафе. Измешајте се заедно и ќе добиете една прилично ретка смеса.
Распоредете ја во двата калапи, па печете ги во загреана рерна околу 50 мин. Проверете со чепкалка, на неа треба да се задржат неколку влажни ронки од тестото, а површината да биде сјајна и еластична на допир. Внимавајте да не препечете.
Калапите ставете ги на решетка, покријте ги со фолија и кујнска крпа. После десетина минути, превртете ги на жица и повторно покриени оставете ги корите да се оладат до крај.

За пената од чоколадо одвоете ги белките од жолчките. Жолчките разматете ги во еден мал сад, а белките ставете ги во сад за матење.
На тивок оган во едно мало тенџерче растопете го мешајки чоколадото со путерот. Додајте ги разматените жолчки и добро измешајте. Оставете да се олади до собна температура.
Белките изматете ги во цврст сјаен снег со 2 -3 лажици шеќер, па внимателно вмешајте ги во чоколадото.
Слатката павлака изматете ја цврсто и исто така внимателно вмешајте ја во чоколадото. Ќе добиете една лесна воздушеста чоколадна пена.
Секоја од двете кори пресечете ја хоризонтално на половина. Филовајте ги корите со чоколадната пена. Одозгора и од страните не ставајте фил. Оставете во фрижидер.

За филот од кикирики путер во еден средно голем сад со жица измешајте ги путерот, кикирики путерот и двете врсти шеќер додека не стани сосем воедначено и по малку пенесто. Постепено додавајте од слатката павлака, мешајки цело време, додека не ја добиете саканата конзистенција на фил. Јас ја ставам целата наведена количина, поубаво ми е кога филот е покремаст.

Цела торта одозгора и од страните премачкајте ја со овој фил. Корите се многу, многу ровки. Затоа најдобро е прво да премачкате еден многу тенок слој фил од сите страни, да оставите во фрижидер да се стегни тој слој, па потоа да го нанесете преостанатиот фил. Така нема ронки од тестото да ви се мешаат со филот.

За украсување измешајте 1 лажичка какао со 1 - 2 лажици масло, па попрскајте по површината на тортата да личи како флеки на јајце од препелица. Наросете лушпи од чоколадо.
Ако сакате украсете на поинаков начин.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но послужувајте ја на собна температура.
Наведените состојки за тесто јас ги печев во три калапи со пречник 16 цм и секоја кора е пресечена на пола, па се направени две торти со по три реда тесто, филовани со наведените количини на чоколадна пена и фил од кикирики путер. На сликата е една од тие торти.
Пресек немам, ќе ми позајмат МР...