Телешки шницли со фил од кајмак
1. Шницлите се толчат да бидат тенки, се посипуваат со масло и се зачинуваат со зачини по вкус ( во мојот случај сол, бибер, сенф со естрагон). Се оставаат да се маринираат 2-3 часа.
2. Филот со кајмак се спрема на тој начин што се мешаат сите состојки со лажица (по вкус место пармезан и ементалер може да ставите друго тврдо/топиво сирење). Јас филот не го солев бидејќи ми беше доволно солено од сирењата.
3. За прилогот, палентата се спрема според упатството од кесичката. Во сварената палента се додава путерот и пармезанот и се истура на подлога да се олади. Од оладената палента се сечат триаголнци и се потпекуваат на грил тава.
4. Со приготвениот фил се полнат шницлите и се преклопуваат на пола. Со чепкалка се затвараат краевите и се пржат во врело масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
п.с сенфот со естрагон ми е фаворит за било кое месо, дури целосно го заменив обичниот сенф .. ептен ни се погоди дома :)))
п.с сенфот со естрагон ми е фаворит за било кое месо, дури целосно го заменив обичниот сенф .. ептен ни се погоди дома :)))
Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B0%D0%BA/#ixzz37SWB10cJ