1. Месото го сецкаме на мали парчина. 2-те главици кромид ги сецкаме на покрупни парчиња. Го ставаме во сад, така што ставаме еден ред месо кое го посолуваме со една рака јадра сол, ред сецкан кромид( половина од сецканиот ), пак ред месо, една рака јадра сол и сецкан кромид (остатокот ) .
2. Садот го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер да стои цела ноќ.
3. Утредента месото го миеме со ладна вода, кромидот го фрламе.
4. Во земјена тава го ставаме месото, го додаваме белото вино, маслото, прстофат црн бибер и водата. Покриваме со фолија и ја ставаме тавата во рерна на 200 степени 1 час. Мешаме од време на време и по потреба додаваме вода.
5. Кромидот (1 кг) ситно го сецкаме. Во тавче на оган го пржиме кромидот, малку да омекни. Го додаваме во тавата со месото, мешаме и ја ставаме тавата повторно во рерна да се прави уште 1 час на 180 степени.
6. Црвените пиперки ги сецкаме (отприлика околу 1 цм ). Ги додаваме во тавата, ја вадиме фолијата и правиме уште 15 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани