Убав, брз, зимски ручек.

Во касерола се ставаат свинската маст и маслото да се загреат.
Се додава свинското месо (по можност домашно) исечено на коцки да се пржи околу 30 минути, односно да зарумени.
Се вади месото во еден тањир и се остава на топло.
Сега во истата маснотија се пржат сувите пиперки 4-5 минути.
И тие се вадат настрана.
Во останатат маснотија се пржи празот околу 6-7 минути.
Потоа во касеролата се враќаат месото и пиперките и се пржи уште 7-8 минути, да се спојат вкусовите.
Се зачинува по вкус.
Фали уште топло лепче и чаша црвено вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани