Оваа торта ја правеше мојата свекрва, а инаку омилена торта од детството на маж ми. Секоја Нова година ја правеле како свечена торта. Тортата нема име, па затоа ете ја нареков 65та ...Преубаво се сече, превкусна е и ОДЛИЧНА.

Најпрво се печат пандиспањата во округол плех број 28.вториот пандиспањ со ореви се сечи на два дела, а жолтиот си останува ист. Двете кори се попрскуваат со млеко или течноста од некое слатко.

Фил
Млекото се вари со шеќерот и брашното исто како пудинг. Се лади и се додава 1 маргарин избиен, ореви мелени и сок од 1 лимон. Се филуваат корите и одозгора се наросува со мелени ореви. Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови