1. Во длабок сад се става водата, свинската маст, квасецот, пр. за пециво и ванилата. Со лажица добро се промешува. Се додава брашното, се меша со лажицата и потоа малку се домесува. Се дели тестото на три дела.
2. Секој дел се развлекува и се сече на осум триаголници. На секој се става по едно топче (лажиче) Нутела и се витка во ролниче.
3. Кифлиците се редат на пек папир и се печат на 180 ст. Ц, 15-20 мин или додека малку поруменат. Топли се валкаат во прав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови