Измешајте ги брашното квасецот, солта и шеќерот. Додадете го маслото и постепено додавајте од млаката вода(ако е потребно додадете уште малку). Измесете глатко тесто. Јас потоа го удирав од работната маса некои 50на пати, а вам ви оставам на избор дали ова ќе го примените. Оставете го на топло да се дуплира.
Поделете го тестото на 2 дела и развлечете го во тесна правоаголна кора. Премачкајте ја кората прво со омекнатиот маргарин и потоа должински ставајте по еден ред од секој фил на оддалеченост одоколу 2 см. Виткајте ја кората во ролат, почнувајќи од страната на едниот фил, со ред до крај.
Добиеиот ролат исечете го на триаголници, со мала оддалеченост на врвот (да не се доближуваат директно засеците). Превртете (исправете) го секое триаголниче и благо со прстите израмнете го врвот.
Кифлиците наредете ги во подмачкан плех и по 15на минути премачкајте ги со разматено јајце.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15на минути, односно додека благо не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани