Сукана пита со фил од печурки и кромид
Во обид да ни биде разноврсно менито за време на постите излегоа многу вкусни рецепти, кои си ги правиме и за време на мрсници. Еве една сукана пита со особено вкусен фил.
1. Тестото го замесуваме со млака вода до средно меко тесто. Го делиме на 5 топчиња и секое со помош на брашно го сукаме да биде со големина на тавчето во кое ќе ја печеме питата.
2. Печурките и кромидот ги сечкам во блендер и ги пропржувам на малку масло. Ги додаваме зачините.
3. Врз секоја кора со лажица попрскуваме масло и ставаме насекаде од филот. Така ги редиме кора, масло и фил, пак кора....Ја засекуваме питата по желба. На последната кора мачкаме со течниот фил спремен од сенф, масло, вода и накрај посипуваме со сусам.
4. Ја оставаме да стаса па печеме на 220 степени во загреана рерна.
Лиценца: Сите права се задржани
Сега за сега само ќе си гледаме ... ама ќе биде и питава во скоро.
Инаку и мене на дополнителните слики како со мелено месо ми се виде. Ептен убаво направена :)
Ви благодарам на сите за коментарите околу питава:)