Ќе напишам еден рецепт кој што јас го спремав за саботата пред Прочка,
Кај нас тој ден го нарекуваме како -умрело дете за кора-па скоро во секој дом има подготвено кора,секој на свој начин.
Еве го мојот начин на подготовка.
Во 100 мл вода го стасуваме квасецот солажиче брашно и малку шеќер.
Кога е стасан квасецот го додаваме во 150 мл вода,памешајќи со раката го додаваме брашното помешано со сол и малку шеќер.
Месиме меко тесто.Масата ја набрашнуваме и го префрламе тестото.
Го делиме на 12 мали топчиња и ги покриваме со крпа да не фаќа кора тестото.
Топиме маргарин кој ќе ни биде потребен за премачкување на корите.
Земаме едно топче и сукаме подебелка кора. Ја премачкуваме со маргарин.Сукаме уште една кора па ја ставаме врз другата. Значи двете корички ги тргаме на страна и постапката ја повторувавме соостанатите 10 мали топчиња.
Добивме 6 корички.Откакоги заврпивме сите ја набрашнуваме масата и земаме една коричка. На површината ја попрскуваме со мешавина од брашно и нишесте,па ја развлекуваме со сукалката. Повремено набрашнувајќи расукуваме голема кора. Ја попрскуваме со масло и со филот кој го спремивме претходно.
Ја диплиме како на сликите. Првогорниот па долниот дела а потоа и страничните делови.Ги преклопуваме како коцка. Повторно попрскуваме со масло и пак ја диплиме кората. Постапката ја повторуваме уште еднаш и сега веќе добиваме квадрат.
На овој начин ги подготвуваме и останатите корички.
Значи,пак ќе напоменам дека од 500 гр брашно излегуваат 6 корички.
Редете во намастен плех, а ако печете во тавите на Делимано,не мора да подмачкате.
Печете веднаш додека не зарумени.
Брза и вкусна кора која можете да ја филувате со фил по сопствен вкус.
Јас направив неколку со праз и неколку со сирење.
Кога подготвувам со праз, празот го ситнам на мали парчиња и само го посолувам и промешувам.
Тоа ми е филот. Подгответе го и уживајте во прекрасниот вкус на оваа убава кора.
Забелешка
Колку подолго стои,толку поубав е вкусот.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови