Баница од моето детство со мерак ја јадев кога ја сукаше мојата баба. За нас беше најслатката чоколада купена во продавницата која беше неколку километри одалечена од нејзината селска куќа. Сега после толку години со голем мерак и љубов ја спремам и на моите деца.
Подготовка.
1. Брашното со квасецот, солта, шеќерта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата тесто зависат од површината на која ќе ги сукате. Јас сукам на работна маса и затоа ми излегуваат осум до девет помали топчиња кои се доволни за еден плех од шпорет банички.
2. Во меѓувреме додека малку подстасуваат топчињата тесто, јаболките ги лупиме и рендаме. Во нив додаваме гриз, шеќер и цимет промешуваме.
3. Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од филот и ги преклопуваме за да допиеме правоаголна форма која ја гужваме. Вака подготвените банички ги ставаме во плех. Печеме на 200степени убаво да заруменат.
4. Од како баничките ќе се испечат попарете ги со кисела вода и повторно вратете ги во релната да ја впијат течноста. Откако ќе се испечат извадете ги и покрите со крпа.
Забелешка
Доколку сакате во филот додадете малку суво гројзе или мелени ореви. Посолете со шеќер во прав. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани