Испечати

Сукана пита со фил од печурки и кромид

Сукана пита со фил од печурки и кромид

Состојки

  • За тесто
  • 600 гр брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • За фил
  • 300 гр свежи печурки шампињони
  • 1 лажица мешан сушен зеленчук (зачин)
  • 3-4 главици кромид
  • малку бибер
  • масло за премачкување на корите и за пржење на филот
  • 1 лажица сенф, 2 лажици масло, 1 лажица вода, малку сол, за премачкување на последната кора и сусам

Подготовка

Во обид да ни биде разноврсно менито за време на постите излегоа многу вкусни рецепти, кои си ги правиме и за време на мрсници. Еве една сукана пита со особено вкусен фил.

1. Тестото го замесуваме со млака вода до средно меко тесто. Го делиме на 5 топчиња и секое со помош на брашно го сукаме да биде со големина на тавчето во кое ќе ја печеме питата.
2. Печурките и кромидот ги сечкам во блендер и ги пропржувам на малку масло. Ги додаваме зачините.
3. Врз секоја кора со лажица попрскуваме масло и ставаме насекаде од филот. Така ги редиме кора, масло и фил, пак кора....Ја засекуваме питата по желба. На последната кора мачкаме со течниот фил спремен од сенф, масло, вода и накрај посипуваме со сусам.
4. Ја оставаме да стаса па печеме на 220 степени во загреана рерна.