Сочен рогач колач со јаболка (без брашно)
Најпрво убаво изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додавајте ги по ред сите состојки, од кои на крај со лажица ќе ги вмешате ренданите јаболка.
Сипете ја смесата во подмачкана со маргарин тава и по желба потоа побрашнета (јас не брашнев). Кај мене беше овална, но по претпоставка бр 28 би одговарала. Печете на 180С околу 40на мин.
Во огноотпорен сад загрејте го млекото со шеќерот, па додајте ги иситнети маргаринот и чоколадото. Мешајте додека се убаво се стопи, па прелијте го пречениот колач. Оставете да се впие и олади. По желба потоа одозгора можи да се премачка со шлаг.
*Со оглед на тоа дека често имам солиден број на дегустатори, можам да кажам дека овој колач не само мене, ами на сите им се допадна. Кој има желба и можност му препорачувам барем еднаш да го проба/направи.
Лиценца: Сите права се задржани
Лиле кај нас веќе неколку месеци се отвори едно мини продавниче кое постепено се преориентираше во понуда со здрава храна. Скоро на кратки преиоди се некој новитет се носи, а како знам јас од биона ги набавуваат артиклите. Има и таков пакован како што кажа соларис и каде јас парче од опаковката си искористив за сликање, но има и на кило да се купи и во прав и во мешунки.
Е сега за вкусот да се искажам :)) не е тој кој јас го памтев од многу одамна, поубав е. Ова е мојот прв испробан рецепт со рогач, а во намера сум барем уште еден да опробам за да знам дали уште многу почесто ќе сакам да го користам :)
П.С. : Си купив и 2-3 мешунки, си ги скрив по дома и се уште не знам кај ми се хахаха не знам за нив да ти кажам како се за мене по вкус ;) Но, ќе си земам пак наскоро (кај мене по дома напати работите знаат да изчезнат по некое чудо ) :)))
koj odi za Srbija moze da go kupi vo Market IDEA, cini 1 evro.
Jas go nosam od tamu
porano go imase i vo nasite marketi ama odamna ne sum go videla