Испечати

Сочен рогач колач со јаболка (без брашно)

Сочен рогач колач со јаболка (без брашно)

Состојки

  • 1 чаша=200мл
  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша мелен рогач
  • 1 чаша гриз
  • 3 лажици какао
  • 1 пак. прашок за печење
  • 3 рендани јаболка
  • - за прелив -
  • 1 чаша шеќер
  • 350 мл млеко
  • 120 гр чоколадо
  • 100 гр маргарин

Подготовка

Најпрво убаво изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додавајте ги по ред сите состојки, од кои на крај со лажица ќе ги вмешате ренданите јаболка.
Сипете ја смесата во подмачкана со маргарин тава и по желба потоа побрашнета (јас не брашнев). Кај мене беше овална, но по претпоставка бр 28 би одговарала. Печете на 180С околу 40на мин.

Во огноотпорен сад загрејте го млекото со шеќерот, па додајте ги иситнети маргаринот и чоколадото. Мешајте додека се убаво се стопи, па прелијте го пречениот колач. Оставете да се впие и олади. По желба потоа одозгора можи да се премачка со шлаг.

*Со оглед на тоа дека често имам солиден број на дегустатори, можам да кажам дека овој колач не само мене, ами на сите им се допадна. Кој има желба и можност му препорачувам барем еднаш да го проба/направи.