6
ное
2018
Колач со јаболка, гриз, рогач и цимет
Во сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме да побелат.
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, ги промешуваме и просејуваме.
Со исклучен миксер, постепено ги додаваме јогуртот, растопениот путер и соединетите суви состојки.
Мешаме со шпатула.
Ги додаваме ренданите јаболка.
Изедначената смеса ја истураме во мала ростер тава.
Печиме во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Изладениот колач го сечиме на коцки и нежно наросуваме шеќер во прав