Колач со јаболка, гриз, рогач и цимет
Состојки
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 80гр растопен путер
- 60гр брашно
- 50гр рогач
- 1 лажиче пециво
- 1 лажиче цимет
- 1 лажица гриз
- 70мл јогурт
- 150гр рендани јаболка
- На врвот на ножот сода бикарбона
- Шеќер во прав по потреба
Подготовка
Во сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме да побелат.
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, ги промешуваме и просејуваме.
Со исклучен миксер, постепено ги додаваме јогуртот, растопениот путер и соединетите суви состојки.
Мешаме со шпатула.
Ги додаваме ренданите јаболка.
Изедначената смеса ја истураме во мала ростер тава.
Печиме во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Изладениот колач го сечиме на коцки и нежно наросуваме шеќер во прав