Додека го подготвував колачов, низ домот се ширеше прекрасен мирис. Колачот е многу сочен и кревок.
Аромата од ванила, рум, цимет, заедно со другите состојки, верувам дека нема да ве остават рамнодушни. Пробајте го

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата. Се мати до побелување. Со исклучен миксер се додава маслото и млекото.
2. Во сад ги соединуваме сите суви состојки. И нив ги додаваме кај течните состојки. Сега ги рендаме излупените јаболка и нив ги додаваме. Убаво, со шпатула, смесата ја соединуваме. Ја нанесуваме во долгнавест калап, во кој има ставено хартија за печење.
3. Може да се печи и во калап куглоф, околу 30 минути на 180 с. Испечениот колач го оставаме во калапот 10 минути, потоа го вадиме на кујнска решетка да се лади. Декорираме со растопено чоколадо.
Сечиме на парчиња и го послужуваме десертов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани