Не сме сигурни од каде потекнува овој рецепт, но неговата привлечност е универзална. Едноставни вкусови на богати кремести компири, црвен кромид, печени пиперки и рузмарин. Добитна комбинација на состојки, ако правилно ги споите. А еве и како!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 5 мали или средни компири
  • 1 или 2 цели печени црвени пиперки
  • 1 голема главица црвен кромид
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за лупење: Ужива ли некој во лупењето? Излупете ги компирите... Овде користиме жолти компири кои повеќе одговараат за овој рецепт од белите компири.

Варете ги компирите 10-12 минути... Сакаме да ги свариме, но не до крај затоа што подоцна ќе ги ставиме во тавата со останатите состојки.

Чекор 2: Исечејте го црвениот кромид на половина и потоа исечете го на кришки за да добиете полукругови. Кромидот можете да го исечкате и на друг начин, но ова ќе помогне да добиеме влакна од кромидот подоцна, кога ќе ги споиме состојките.

Искршете ги гранчињата рузмарин од стебленцата рузмарин.

Исечкајте ги црвените пиперки – овде користиме печени црвени пиперки кои ги купивме во продавница.

Чекор 3: Додека се варат компирите, испржете ги заедно кромидот и рузмаринот во маслиново масло и сол. Тавата држете ја на средно низок оган за да не изгорат... Сакаме само да ги омекнеме и пропржиме.

Оставете го кромидот да се распадне и да формира полукружни ленти.

Чекор 4: Кога делумно ќе се сварат, извадете ги компирите од водата и оставете ги да се изладат. Можете да ги префрлите во студена вода за да заштедите време.

Изрендајте ги компирите внимавајќи на Вашите раце... Овој рецепт не содржи дел од Вашата рака ;)

Чекор 5: Ставете ги компирите во тава заедно со црвените пиперки, измешајте ги и почнете да ги пржите.

Продолжете да ги пржите додека да се ослободат и спојат вкусовите.

Сакаме јадењето да добие и малку боја, но тој дел можеме да го завршиме во рерната.

Чекор 6: Време е за сервирање: Јадењето го сервираме со помош на калап и за декорација ставаме гранче рузмарин одозгора.

СОВЕТ: Ви покажавме како да го направите овој рецепт самостојно, но обично би го сервирале со парче пилешко месо или можеби со поширано јајце и спанаќ. Сите во семејството ќе го засакаат овој рецепт, а тој е неверојатно ефтин за подготовка.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Касерола