Превкусен колач од кој цел дом ќе ви замириса на вкусотија.

1. Во два сада ги делиме жолчките и белките.
2. Во садот со жолчки го додаваме кристал и ванилиниот шеќер и матиме со миксер.
3. Го ставаме првин млекото, а потоа заедно просеаните брашно и пециво.
4. Брашното од рогач го просејуваме и матиме со слаба брзина на миксерот, ги додаваме маслото и румот.
5. Белките ги матиме во снег и ги ставаме во претходната смеса и со шпатула ги соединуваме смесите до добивање на мазна смеса.
6. Смесата ја истураме во мала правоаголна тава, обложена со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
7. Колачот го ладиме, а потоа го сечеме на коцки. Декорираме со шлаг пена или може со шеќер во прав.

Забелешка
Румот не е задолжителен доколку не сакате. Ако користите нелеплива тава Делимано, не ви треба хартија за печење, но може малку и неа да ја намастите со масло.

(521)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани