Колач со рогач брашно
Превкусен колач од кој цел дом ќе ви замириса на вкусотија.
1. Во два сада ги делиме жолчките и белките.
2. Во садот со жолчки го додаваме кристал и ванилиниот шеќер и матиме со миксер.
3. Го ставаме првин млекото, а потоа заедно просеаните брашно и пециво.
4. Брашното од рогач го просејуваме и матиме со слаба брзина на миксерот, ги додаваме маслото и румот.
5. Белките ги матиме во снег и ги ставаме во претходната смеса и со шпатула ги соединуваме смесите до добивање на мазна смеса.
6. Смесата ја истураме во мала правоаголна тава, обложена со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
7. Колачот го ладиме, а потоа го сечеме на коцки. Декорираме со шлаг пена или може со шеќер во прав.
Забелешка
Румот не е задолжителен доколку не сакате. Ако користите нелеплива тава Делимано, не ви треба хартија за печење, но може малку и неа да ја намастите со масло.
(521)
Лиценца: Сите права се задржани
Ова е брзо и вкусно кексче
Инаку може знаеш кај нас во Прилеп постои изразот "ќе јадиш рогушки", ха ха, се надевам знаеш што значи, а рогушките се мешункастата форма од која се добива брашното.
Фала за коментарот, поздрав.
Imame i 2,3 drva vo Negotino, stari se, ama Se uste davaat plodovi
Pa imam doma nekolku mesunki