Листот обланда се става меѓу 2 влажни крпи да омекни.
Се соединуваат во вангличка урдата, павлаката, сусамот, шунката.
Се зачинува по вкус.
По ваша желба во филот можете да додадете и 1 лажица лут ајвар.
Се премачкува со фил, врз тоа се става листови блитва, па 4 виршли по должина и убаво се стега во ролат.
Се остава да се просуши и стегни и се сечи на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани