Испечати

Солен декоративен ролат

Солен декоративен ролат

Состојки

  • 1 лист обланда
  • 4 обарени виршли
  • 4-5 листови бланширана блитва
  • бел фил
  • 300 гр урда
  • 2 лажици кисела павлака
  • 100 гр печен сусам
  • 80 гр сецкана шунка
  • сол, малку сецкано лукче

Подготовка

Листот обланда се става меѓу 2 влажни крпи да омекни.
Се соединуваат во вангличка урдата, павлаката, сусамот, шунката.
Се зачинува по вкус.
По ваша желба во филот можете да додадете и 1 лажица лут ајвар.
Се премачкува со фил, врз тоа се става листови блитва, па 4 виршли по должина и убаво се стега во ролат.
Се остава да се просуши и стегни и се сечи на парчиња.