Декоративен ролат
Најпрво спремете си еден поголем плех, пек хартија со бела боја и молив. Исечете ја пек хартијата со големина колку дното на плехот. Со моливот нацртајте шарки, слики, овошки, орнаменти... по желба и тоа што сметате дека умеете.
Мене најлесни ми се видоа црешите. Поставете ја хартијата во плехот со цртаното надолу. За да не ми лизга, јас прво го намастив плехот иако не мора.
Потоа, спремете ја смесата за шарањето.
Убаво изматете ја белката и матејќи постепено додавајте го шеќерот. На крај додадете го и путерот, предходно омекнат на собна температура. Поделете ја смесата на толку делови, колку што мислите да употребите бои и обојте ги. Ставете во шприц со тенок отвор или во најлон за замрзнување и откинете го малку ќошето, па шарајте врз цртаната хартија.
Плехот ставете го во замрзнувач додека ја спремате кората.
Има и уште еден начин, а тоа е шараните елементи да ги ставите во загреана рерна, многу кратко време 1-2 мин. колку да се запечат одозгора, односно да фатат коричка. Јас работев по првиот начин.
Во сад за матење иматете ги белките. Во друг сад жолчките плус останатата жолчка од јајцето за шарање со шеќерот и ванилиниот шеќер исто така изматете ги убаво, па додајте го маслото и со најмала брзина на миксерот на крај брашното и пецивото. Потоа, додадете го снегот од белките, внимателно мешајќи со лажица.
Смесата истурете ја врз формите и пек хартијата рамномерно и печете на 180 степени, некои 15на минути.
Кога малку ќе подизлади печениот ролат извадете го внимателно од пек хартијата завиткајте го во влажна крпа и сролајте го така што, долниот дел треба да е лицето.
Млекото ставете го во тенџере на оган, а во 50те мл разредете ги пудинзите и додајте 2-3 лажици шеќер и варете пудинг.
Во сад на страна изматете го путерот со шеќерот во прав, додајте ги малините (за колку и да се одлучите, составот трпи) и на крај изладениот сварен пудинг.
Со кремот премачкајте ја кората и убаво сролајте ја, па оставете некое време да се здрви пред да сечите.
Наместо овој фил, можи да ставите секако, било кој или едноставно само да го премачкате со Нутела.
Уживајте и во погледот и во вкусот!
Лиценца: Сите права се задржани
Многу убаво испаднало кај тебе...
Кога сме кај црешите заборавив да напоменам она што приметив... подобро е да се става подебела смеса, а не претанка за да излезат шарките. Една ја оставив послаба на крајот и не доизлезе цела кога ја вадев хартијата.
Ептен е привлечен. Да ти е жал да јадеш :)))