Свинско филе со спанак во лиснато тесто и Војвоткини компири
Спанакот, доколку е свеж, обарете го, убаво исцедете го па пржете го на умерена температура 10-тина минути. Додадете го лукчето потиснато, па додадете ги и зачините. Оставете убаво да се излади.
Свинското филе измијте го под млаз ладна вода и добро исушете го со кујнска хартија. Со остар нож отсртанете ги белите кожички, доколку ги има.
Во широка тава ставете зејтин и загрејте го на оган. Филето испржете го од сите страни додека убаво да порумени. На крај посолете и побиберете.
На работната површина ставете го лиснатото тесто. На потесната страна од тестото ставете го филето, врз него распоредете го убаво исцедениот спанаќ. Затворете го од сите страни со тестото и премачкајте со изматена жолчка во која сте додале 2 лажици млеко. Ставете во тава, на хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180° околу 40 минути.
Компирите излупете ги и ставете ги да се варат. Кога ќе се готови додадете им го путерот, жолчките и зачините па матете со миксер за да добиете кремаста смеса. Ставете ја смесата во готварски шприц и формирајте ги Војвоткините компири во тава на хартија за печење. Премачкајте ги внимателно со жолчката и млекото кои ви останаа од лиснатото тесто. Печете ги 15 минути на 200° во загреана рерна.
Послужете топло со сос по ваш избор и чаша црвено вино.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани