![Свинско со кромид и печурки](https://moirecepti.mk/content/uploads/2013/06/CIMG4074-copy-1-2fda6d-800x588.jpg)
9
јун
2013
Свинско со кромид и печурки
- Исечете месото на помали парчиња - коцки, посолете, додадете црвениот пипер, зејтинот и ставете во тенџерето.
- Додаедете на едро исечениот кромид и печурките. Ако се помали шампињоните оставете ги цели
- Додадете лукот, залијте со виното. Ќе го вклучам шпоретот најпрвин на повисок степен колку да се загрее, а потоа го ставам на половинка и верували или не- дури и 4 саата некогаш се динста така тивко.. милина, месото е како што велиме ние - мозок.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани