Месото исечете го на парчиња, ако е кременадли се знае дека секоја веќе е исечена. Се посолува, забиберува и се става смеса од сув зачин. Тргнете го настрана, а за тоа време излупете го и исечете го на кругови кромидот, наредете го во тавче подмачкано со зејтин. Врз кромидот ставете ги морковите, а врз морковите ставете или маринирани или насечкани свежи шампињони. Врз сето ова ставете ги солта, шеќерот, сувиот зачин, биберот, магданосот. Одозгора наредете го месото и ставете во поклопено тавче или со фолија затворено, нека се пече. Пред самиот крај отворете го да се зацрви месото.
Зошто шеќер? Тој придонесува за вкусот, а истовремено го карамелизира и кромидот.
Сервирајте со било каков додаток, а слободно може да биде засебен ручек, домашно топло печено лепче,... ма макајте... уф- убавина е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани