
9
апр
2022
Свинско со кромид и кашкавал
Едноставно за подготовка, а превкусно јадење.
Подготовка
1. Во тавата во која ќе печете, ставете го исечканиот кромид, лукчето, месото и сланината исечени на коцки, лутото пиперче, зачинете и измешајте.
2. Залијте го со пиво, додајте го салото и ставете ја тавата во загреана рерна на 200 степени. При текот на печењето нека биде покриена со фолија. Нека се пече отприлика час и половина.
3. На крајот од печењето одозгора ставете го ренданиот кашкавал и вратете ја тавата да се допече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови