Испечати

Свинско со кромид и печурки

Свинско со кромид и печурки

Состојки

  • 1 кгр. свинско месо од плешка
  • 500 гр. свежи габи - шампињони
  • 3 поголеми главици пресен кромид
  • 5-6 зрна црн пипер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 50 гр. бело вино
  • 50 мл. зејтин
  • ракатка магданос

Подготовка

 
- Исечете месото на помали парчиња - коцки, посолете, додадете црвениот пипер, зејтинот и ставете во тенџерето.
- Додаедете на едро исечениот кромид и печурките. Ако се помали шампињоните оставете ги цели
- Додадете лукот, залијте со виното. Ќе го вклучам шпоретот најпрвин на повисок степен колку да се загрее, а потоа го ставам на половинка и верували или не- дури и 4 саата некогаш се динста така тивко.. милина, месото е како што велиме ние - мозок.
Нека ви е слатко!