Месото сварете го во малку посолена вода, нека се олади па исецкајте го на коцки.
Целерот исецкајте го на ребра, кромидчината на тркалца, а пиперката на мали коцки.
Пињолите потпечете ги на сува тава. Нека се оладат.
Магдоносот ситно исецкајте го.
Во еден поголем сад измешајте го месото со зеленчукот, посолете, побиберете, додајте ги брусниците, пињолите, магдоносот и промешајте уште еднаш.
На крај додајте го мајонезот и сенфот, измешајте се да се спои, дотерајте го вкусот, и оставете ја салатата во фрижидер 1 - 2 часа да се спојат вкусовите.
Количеството и видот на зеленчук може и малку да ги промените, како и количината на мајонез, во зависност како ги сакате овој тип салати. Пињолите може да се заменат со потпечени семки од тиква или сончоглед.
Може да е лесен ручек или пак полнење за сендвичи, послужување за гости. Како вам ви одговара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани