Мароко е познато по своите комбинации од овошје и месо. Исто така е познато и по кус кусот кој стана популарна состојка ширум светот и е многу лесен за подготовка доколку му додадете убави силни вкусови за да го дополни јадењето.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 цело пиле
  • една рака семе од ким
  • 3 портокала
  • 1 пакување кус кус
  • 100 грама наут
  • 1 калинка со средна големина
  • половина главица бел кромид
  • 1 коцка за пилешка супа

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: 1-2 часа

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.

Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме со печење на пилето. Со раце премачкајте го пилето со маслиново масло. Внатре во пилето ставете половина портокал. Прелијте го со сок од портокал однадвор и ставете му цели зрна ким. Зачинете и врз целото пиле изрендајте кора од портокал.

На крај ставете неколку парчиња портокал на пилето и спремни сме за печење. Пиле со средна големина се пече на температура од 160 степени околу 60 до 70 минути. Боцнете го месото со остар нож и ако од него истечат чисти сокови (без крв) – готово е.

Чекор 2: Правењето кус кус е многу едноставно. Исечкајте го кромидот. Ставете го кус кусот во длабок сад, потоа ставете го и наутот и исечканиот кромид и издробете една коцка за пилешка супа. А еве и еден трик за калинката – пресечете ја на половина и силно удрете ја лушпата со нож или голема лажица и семките сами ќе излезат.

За да го приготвите кус кусот, едноставно прелијте го со жешка вода додека да се покријат сите состојки и оставете го да отстои 5 минути покриен со крпа.

За да го завршите кус кусот, промешајте ја салатата за да стане растресена и да добие волумен. Превртете ја на голема чинија и оставете место на средината за печеното пиле.

Чекор 3: Извадете го пилето од рерна, оставете го малку да отстои и сервирајте го на средината од кус кус салатата. Прелијте ја салатата со сокот од тавата, и спремни сме да го сервираме јадењето за возбудените гости.

СОВЕТ: Кус кусот често се вари само во жешка вода, но најважно е да му додадете други вкусови пред да го прелиете со водата. Тој има голема апсорпција и ги поприма вкусовите на состојките со кои го подготвувате.