Салата за мерак со пилешко и рукола
Салата за мерак како што јас ја викам е мошне брза и лесна за подготовка и исто така доколку додадете фурнаринки или други соленки може да замени цел оброк.
Што е потребно да направите?
Најпрво подгответе ги пилешките гради така што ќе ги исечете на ситни парченца (коцки или по желба), ќе ги зачините и ќе ги испржите додека не добијат румена боја.
Додека да се олади месото малку, ги подготвувате другите состојки. Доматот или шери доматите ги сечете на коцкички и ги редите најдоле на садат во кој ќе ја сервирате салатата. Потоа го подготвувате на коцки сирењето (моцарела) и ја додавате измиената рукола, зачинувате со масло и можеби некоја капка лимон бидејќи дава убав шмек на руколата, малку сол и тоа е тоа.
На крај веќе подоладено го додавете месото и евентуално пармезан. Салатата може да се направи и со друг вид на месо, меѓутоа вака е прекрасна вреди да се проба.
Уживајте и очекувајте уште интересни рецепти, само да се сетам да фотографирам додека подготвувам
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Super salata :*