Мерак кифли
Во поголем сад го додаваме брашното,одмрзнатиот квасец,млакото млеко,сол,шеќер и маслото и жолчките.
Сите состојки убаво ги мешаме.
Потоа тестото го месиме .
Го оставаме тестото да кисни.
Откако ќе скисни тестото го истураме на набрашнета површина.
Целото тесто го делиме со нож на 4 еднакви делови.
Земаме 1 дел од тестото и на набрашнета површина и го расукуваме.
Го премачкуваме со маргарин.Потоа тестото го делиме на 4 еднакви делови. Секој дел го делиме на четвртина а потоа на осмина со што се формираат триаголничиња на кои додаваме сирење.
Од секое триаголниче формираме кифличка.
Подготвените кифлички ги редиме во плех обложен со мрсна хартија.
Оставаме да киснат кифличките уште 10 мин.
Потоа го премачкуваме со жолчките во кои додаваме малку масло, а на крај ги наросуваме со сусам. Ги печиме на температура од 250ц , 10 до 15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови