Ризото карбонара
Сланината исечете ја на коцки и ставете ја во тава да се испржи. Потоа извадете ја во чинија и оставете ја на топло додека се вари оризот или да не биде многу ладна. Може да се стави во оризот неколку минути пред да се свари.
Во маслото што го пуштила сланината додајте го сецканиот кромид малку пропржете го, додајте го оризот и измешајте. Додајте ја водата, посолете по вкус и оставете го да се свари. Количината на вода може да е прилагодите спрема варењето на оризот.
Во сад со вилушка измешајте ги јајцата, пармезанот и малку бибер.
Сварениот ориз тргнете го од огнот додајте ја сланината, јацата,пармезанот и измешајте ги.
Послужете го веднаш наросен со сецкан магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани