18
фев
2014
Ризото со скуша од конзерва
1. Во тенџере на оган ја додаваме коцката супа и налеваме вода.
2. Кромидот го сецкаме, тиквичката и морковите ги рендаме и ги додаваме во тава за пржење со маслото да се попржат додека не омекнат.
3. Откако ќе омекнат во тавата ги додаваме скушата и оризот и пржиме уште малку.
4. Зачинуваме со сушениот зеленчук, црн пипер, малку сол, ја додаваме зовриената вода и оставаме да покрчка додека не изврие водата со повремено мешање.
5. Пред крајот додајте го сецканиот магданос, путерот и пола од пармазанот и промешајте.
6. Послужете го топло со свежо сецкан магданос и наросете го со останатиот пармазан.
Лиценца: Сите права се задржани
vakvo ne sum probala, se nadevam ubavo e